Талибанците ќе претстават модел за управување со Авганистан
Талибанците соопштија дека движењето наскоро официјално ќе претстави и ќе воведе нов систем на владеење во Авганистан.
Радикалното талибанско движење има намера да го претстави новиот политички систем што ќе управува со Авганистан во блиска иднина, изјави портпаролот на движењето за Ројтерс, пренесува ТАСС.
– Експертите по право, религија и надворешна политика имаат намера да го претстават новиот систем на владеење на (земјата) во наредните недели, рече тој. Претставникот на талибанците додаде дека новата форма на владеење ќе биде насочена кон заштита на интересите на целото население.
Согласно договорите меѓу Кабул и Вашингтон за повлекување на западните сили, Авганистан не смее повторно да стане рај за меѓународен тероризам.
Портпаролот на Талибанците ја негираше нивната вмешаност во немирите на аеродромот во Кабул, кои наводно биле предизвикани од недостигот на јасен план за евакуација.
Ново на Сител
-
Од петок цело Скопје без вода
-
Денеска нова цена на струјата
-
Германија го враќа центарот за поправка на украинска опрема од Словачка
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога
-
Во Тирана уапсени дилери на дрога кои работеле како новинари
-
Студен бран со пообилни врнежи од дожд и снег
-
МВР: Не отварајте сомнителни линкови и датотеки прикачени во е-маил пораки и не споделувајте лични податоци
-
МВР со детали за акцијата во Арачиново, пронајдено оружје и муниција