-->
-->
Талибанците ја одложија церемонијата на инаугурација на владата во Авганистан
-->
– Талибанците ја одложија церемонијата на инаугурација на привремената влада во Авганистан, објави денеска еден од членовите на Одборот за култура, Инамулах Самангани.
Според него, церемонијата била откажана пред неколку дена.
Како што напиша на Твитер, раководството на Исламскиот емират на Авганистан, како што талибанците ја нарекоа земјата, објави дел од членовите на кабинетот кои веќе започнале со работа, пренесува агенцијата ТАСС.
Самангани ги демантираше информациите дека инаугурацијата била закажана за 11 септември, нарекувајќи ги гласини.
Талибанците претходно го објавија составот на новата влада со премиер Мулах Мохамед Хасан Акунд, а негов заменик е Мулах Абдул Кани Барадар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Со симулација на сообраќајна несреќа во Прилеп се одбележа 12 мај, Ден на медицинските сестри
-
Младите волонтери во хумана акција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина
-
Муцунски во Шведска