Ракомет
9. April 2016 - 20:57

Талески и Кумановски патуваат за Швајцарија

Македонската ракометна репрезентација на последниот дуел со Чиле ќе настапи најверојатно со двајца нови играчи откако Филип Кумановски и Филип Талески заминаа за Швајцарија каде утре јуниорската репрезентација го игра клучниот дуел за пласман на ЕП. Јуниорите попладнево ја победија селекцијата на Фарски Острови (21:17) и покрај поразот од Швајцарија во првото коло со победа утре над Црна Гора ќе имаат шанси за освојување на второто место.