Талески: Герасимовски е слика и прилика како СДС владее во Македонија
Општина Центар го има еден од најнеспособните градоначалници во Република Македонија. Тој е слика и прилика како СДС владее во Македонија.
Градоначалникот Горан Герасимовски, кој дојде на оваа позиција како наследник на Богдановиќ и Жерновски наместо да го среди урбаниот хаос во Центар, продолжи таму кај што застанаа неговите претходници. СДС и неговите коалициски партнери веќе десет години раководат со оваа општина и состојбите во неа се директно нивна одговорност.
Влегувајќи во третата година од својот мандат Герасимовски нема ни отчет за сработеното, ниту па нешто конкретно се работи на терен. Градоначалникот изборно се обврза на подобрување на хигиената во општината, а Центар денес е повалкан од било кога. Сведоци сме на нечисти улици и паркови како никогаш досега. Во општина Центар владее урбанистичко дивеење, а локалната власт е нем набљудувач на тоа што секојдневно им се случува на центарци. Дивоградби никнуваат, се узурпира јавниот простор на граѓаните, а општина центар молчи и ништо не презема.
Се што вети Горан Герасимовски остана на хартија затоа што е неспособен и неодговорен. Иако списокот на ветени проекти е долг, во оваа пригода потсетуваме на капиталните нереализирани, а ветени проекти, за кои граѓаните на Центар секојдневно сведочат.
Граѓаните сеуште чекаат на двете ветени градинки во населбите Пролет и Маџир Маало. Првата во Пролет, која согласно изборната програма требаше да биде завршена до крајот на 2022 година е далеку од конечна реализација. Втората градинка во Маџир Маало после повеќе од две години се уште не е ни започната.
Нема ништо и во делот на обезбедување повеќе паркинг места за центарци. Се уште не е ни во почетна фаза изградбата на ветената катна гаража во блокот згради спроти ПУИК во Дебар Маало, ниту е поставен ветениот монтажен паркинг со 296 паркинг места на локацијата на ПУИК.
Беше ветена и изградба на општинска административна зграда, хортикултурно и партерно уредување на просторот каде што се постојните бараки. И овој проект остана само на хартија. Вакви објекти во интерес на граѓаните не се градат, ама затоа кога се работи за згради и бизнис интереси, тогаш тука нема застој. Односно мораториумот во Центар умре и владее урбанистички хаос. Заборави на ветувањата за хумано живеење во Центар и затоа сега гледаме хипер урбанизација во делот на поранешна Треска и други локации каде што се предвидува цели „градови“ да никнат.
Поминаа цели две години од мандатот на Герасимовски во лага. Ниту реализација на проектите, ниту подобрување на квалитетот на животот за центарци.
Време е после една деценија СДСМ да биде казнета од граѓаните на Центар. Важно е Центар да има локална самоуправа која ќе се грижи за граѓаните.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен
-
ДКСК утре ќе му одговори на Собранието дали смее да бира претседател на Антикорупциска
-
Полицијата ја врати разрешената директорка од Демир Хисар од информативен разговор, не ја викнале денес
-
Мицкоски е подготвен да плати „политичка цена“ со непопулистички мерки против поскапувањето на храната