-->
-->
Таксист добил срцев удар додека превезувал патник откако му се слошило удрил во дрво
-->
На 31.05.2024 во 17.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Словенија“ во Скопје Ќ.В.(62) од Скопје, кој управувал патничко возило за такси превоз „шкода рапид“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувал патник, откако му се слошило, со возилото излетал од коловозот и удрил во дрво.
По несреќата возачот бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде од страна на лекар била констатирана смрт како последица од срцев удар. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Околу 9.000 вработени во „Мајкрософт“ ќе добијат отказ
-
Со сателетски снимки ги лоциравме дивите депонии во државата | Мартина и Mирко | Sitel Podcast 101
-
Пожарот во Валандовско не е ставен под контрола, се шири во два крака
-
Нетанјаху повика на целосно елиминирање на Хамас, организацијата разгледува предлог за примирје
-
Киев тврди дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници
-
Шумски пожар на вториот крак на Халкидики
-
Расправата за ребалансот продолжува утре
-
Кривична за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги