Свет
19. April 2018 - 21:09

Такада нуди 63 милијарди долари за фармацевтската компанија Шајр

Јапонската фармацевтска компанија Такада ја обнови својата понуда од 63 милијарди долари за компанијата Шајр, најдобро позната по производството на лекарства како Виванс и Адерал. Шајр ја одби понудата, но најави дека разговорите со Такада продолжуваат, додека во исто време компанијата разгледува можна контра-понуда од Алерган.

Доколку Такада ја купи Шај, ќе стане еден од најголемите производители на лекови во светот, со значителен удел на американскиот пазар.