Тајни агенти на Европол инфилтрирани меѓу мигрантите во Грција
Европската полициска агенција Европол распоредила тим прикриени агенти во центрите за регистрација на мигранти низ Грција, со цел да се спречи инфилтрација на оперативци на Исламска држава и да се намалат активностите на други криминални мрежи, дознава „Катимерини“.
Во интервју за неделното издание на весникот, Роберт Чрепинко, словенечкиот директор на новоформираниот Европски центар за криумчарење мигранти (ЕМСЦ) кој е во рамките на Европол, изјави дека 10 прикриени полицајци на тајна задача во моментов се стационирани на егејските острови Лезбос, Самос, Хиос и Лерос, како и на пристаништето во Пиреја, со задача да ги проверат сомнителните имигранти и да ги споредат со базите на податоци на Европол, во Холандија.
- Заедно со грчките власти правиме секундарни безбедносни проверки за да се проценат можните опасни мигранти пред тие да влезат во ЕУ, изјави Чрепинко додавајќи дека „покрај филтрирањето осомничени екстремисти, операцијата има за цел да ги поддржи грчките власти и во други области поврзани со организиран криминал и шверц на мигранти“.
Операцијата била договорена на итниот самит на министрите за внатрешни работи на ЕУ по терористичките напади во Париз во ноември.
Ново на Сител
-
Меџити ја презеде функцијата министер за животна средина и просторно планирање
-
Во пожарот во фабриката за литиумски батерии во Јужна Кореја животот го загубија 22 лица
-
Нова промена на цените на горивата од полноќ
-
Таравари денеска ќе потпише решенија за разрешување на економски директори во Клиничкиот центар
-
Зоран Љутков ја презеде функцијата министер за култура, најавува макотрпна работа и инвестиции
-
Претседателот на Уставниот суд во МВР пријави закани по животот и безбедноста врз уставни судии
-
Од 1 јули Грција воведува 6-дневна работна недела!
-
Јаневска ја презеде функцијата министер за образование и наука, најавува промени креирани врз база на темелна анализа