„Тајмс“: Зголемена борбената готовност на војниците на НАТО заради тензиите со Русија
НАТО има намера да го зголеми нивото на борбена готовност на стотици илјади свои војници поради зголемување на тензиите во односите со Русија, објави „Тајмс“, повикувајќи се изјава на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
Весникот наведува дека раководството на Алијансата има намера на располагање да стави доволен број војници, кои ќе можат да и се спротивстават на т.н. руска агресија.
Столтенберг изјави дека НАТО многу долго следел како Русија ја зголемува својата борбена моќ, како и на кој начин ја користи пропагандата меѓу сопствените сојузници.
Токму од овие причини НАТО е присилен да и одговори на Москва со најголемото зголемување на колективната безбедност уште од времето на Студената војна, истакна Столтенберг.
- Во рамки на силите на НАТО се наоѓаат доволен број луѓе. Во моментов разгледуваме какви мерки треба да се преземат за да се намали времето за префрлање на овие војници на фронтот, додаде Столтенберг.
Ново на Сител
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години