Тајланд ја насочува туристичката понуда кон гости со подлабок џеб
Тајланд и годинава ќе има нов рекорд во туристичкиот промет со над 29,6 милиони странски гости.
Тие во Бангкок и познатите летувалишта Патаја и Пукет ќе потрошат над 60 милијарди долари, што е 14,5 посто од БДП-то на државата.
Тајландскиот министер за туризам Кобкарн Ватанавркул денеска, соопштувајќи ги прелиминарните резултати, изјави дека идната година Тајланд ќе го посетат над 32 милиони туристи, но дека со оглед на најавената структура на посетителите вкупните приходи од туристичката индустрија ќе пораснат само околу пет отсто.
Поради тоа, властите ќе промовираат финансиска подршка на тур-операторите и хотелиерите кои од понудата за масовен и евтин престој во Тајланд ќе треба да привлечат клиентела која има повеќе и повеќе ќе троши.
Поексклузивниот дел на тајландската туристичка понуда ќе биде насочен кон женската популација со екстра луксузна понуда. Машкиот дел од побогата клиентела ќе се привлекува со понуда за учество и следење на спортови кои не се толку популарни, но се сметаат како привелегија на богатите, а тоа пре се се голфот и полото.
Ново на Сител
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина
-
Реакција на осигурителните компании на одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста
-
Хунтата во Мјанмар им забранува на мажите да аплицираат за работа во странство
-
При претрес приведен дилер од Битола
-
Јунајтед ќе го продолжи договорот со Гринвуд
-
Алонсо по победата над Рома: Сè беше прилично јасно, навистина настапивме на високо ниво