Тага во семејството на Калиопи
Пејачката Калиопи на својот Инстаграм профил емотивно се збогува со својата тетка. Таа откри дека тетка и била онаа што секогаш ја поддржувала и ја поттикнала да биде музичар.
„Ти беше Таа што за прв пат ме однесе на Опера… ја гледавме “Тоска”… Имав само 6 години и за време на претставата ти велев:” Тето, тето! Пеачката гледа цело време во мене додека пее!” Таа ноќ после претставата , одевме пешки од Универзална сала до кај тебе дома, во Тафталиџе … Цело време по пат ти пеев… Кој знае колку смешна сум ти била…Но ,Ти во секој еден момент ми влеваше чувство дека многу сериозно и силно ме доживуваш… Таа ноќ мила моја, во тој незаборавен и прекрасен Мај, моето мало срце реши што сака биде кога ќе порасне … И до твојот последен здив, Ти пееше со мене… Овие редови Ти ги посветувам тебе моја единствена , зашто знам дека би била пресреќна кога би ги читала… Иако, Ти сето ова веќе го знаеш…
Среќен ти пат кон вечноста!
To My beautiful , irreplaceable,unique and incredible aunt Luli…“
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии