Таеквондистот Георгиевски ќе го носи македонското знаме на ОИ во Токио
Таеквондистот Дејан Георгиевски ќе биде знаменосецот на македонскиот олимписки тим на Игрите што од 23 јули до 8 август треба да се одржат во Токио.
Информацијата, на Денот на македонското знаме, ја објави неговиот тренер Дарко Костовски.
-Со особено задоволство сакам да ве известам дека нашиот олимпиец Дејан Георгиевски ќе биде знаменосец на Македонскиот олимписки тим на Олимписките игри во Токио, објави селекторот на македонската таеквондо репрезентација Костовски на социјалните мрежи.
Таеквондистот Георгиевски е првиот македонски спортист кој обезбеди настап на претстојните Олимписки игри во Токио, откако на 8 мај триумфираше во категоријата над 80 килограми на квалификацискиот турнир во Софија, совладувајќи го во финалната борба актуелниот олимписки шампион Радик Исаев од Азербејџан.
Георгиевски најави дека неговата цел е освојување медал на Олимпијадата во Токио.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи