Тачи: Војската ќе се формира годинава, никој не може да не спречи
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека Косово уште годинава ќе има своја војска и оти „никој, ниту внатре, ниту надвор од земјата, не може да го спречи тој процес“.
- Вооружените сили на Косово ќе се формираат во текот на оваа година, во координиран процес со НАТО и другите меѓународни партнери. Ќе биде сила според стандардите на НАТО. Мултиетничка сила. Ќе биде вистинска армија на една независна и суверена држава,изјави Тачи за косовската телевизија.
Ќе работиме, додава тој, и на кампањата која е веќе почната, за вклучување на сите етнички заедници во редовите на идната армија на Косово, како предуслов за партнерство и членство во НАТО.
- Армијата ќе ја формираме годинава и никој не може да го спречи тоа, ниту некој внатрешен, ниту надворешен фактор. Тоа е волјата на граѓаните на Косово. Тоа е одлука на институциите на Косово за формирање вооружени сили на Косово, посочува Тачи.
Трансформацијата на безбедносните сили во армија на Косово треба да се случи со измени во Уставот, за што треба да се обезбеди двотретинско мнозинство од 120-члениот косовски парламент, како и гласовите на пратеничката група на српската етничка заедница.
Ново на Сител
-
Утре нова размена на речиси 500 воени заробеници меѓу Русија и Украина
-
Изгоре автомобил во струмичкото село Банско
-
Ангелов очекува по локалните избори да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС
-
На Табановце се чека до половина час, а на Дојран и Богородица до 15 минути
-
До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците
-
Најмалку 17 лица загинаа по израелски напад во Газа
-
РТС поднесе крвична пријава поради блокада на нивни објекти
-
Во американските воздушни напади на пристаништето во Јемен загинале 74 лица