Тачи очекува намалување на тензиите во пресрет на новата рунда од дијалогот во Брисел
Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска, во пресрет на новата рунда од дијалогот во Брисел, изјави дека очекува натамошно намалување на тензиите меѓу Белград и Приштина, како и дека продолжувањето на дијалогот ќе резултира со помирување и соработка.
- Очекувам намалување на тензиите. Очекувам продолжување на дијалогот и продолжување на посветеноста и нормализација на односите, помирување и соработка, како и добрососедски односи, наведе Тачи за сервисот на радио „Слободна Европа“ на албански јазик.
Премиерите и претседателите на Србија и Косово денеска ќе имаат нова рунда од дијалогот во Брисел.
ЕУ, како посредник во дијалогот, очекува разговор за отворените прашања, примената на договореното, но и за тоа како понатаму со дијалогот за нормализација на односите.
Премиерот и претседателот на Србија Александар Вучиќ и Томислав Николиќ‡, како и премиерот и претседателот на Косово Иса Мустафа и Хашим Тач и повторно, по една недела, денеска ќе седнат на иста маса во Брисел.
- Можам да потврдам дека премиерот Мустафа и претседателот Тач и како и премиер Вучиќ и претседателот Николиќ‡ денеска ќе дојдат во Брисел на покана на високата претставничка Федерика Могерини за да уч ествуваат на следниот состанок на високо ниво во рамки на дијалогот во кој посредува ЕУ, изјави портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчиќ‡.
Вучиќ изрази надеж дека денешното продолжение на дијалогот ќе мине во „трезвени разговори“ и дека сите ќа разберат дека стабилизацијата на Западен Балкан е клучниот предуслов за напредокот.
Ново на Сител
-
Намален бројот на сообраќајки, прекршоците не стивнуваат
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Меѓувладина седница во Будимпешта – Македонија и Унгарија на иста страна за мир во Украина
-
По тензиите во Белата куќа и Лондонскиот самит, клучна недела за Европа и Украина
-
Ахмети: Ако го допрат Законот за јазици нема да има локални избори
-
ССМ: Или повисок минималец или генерален штрајк
-
Вработени во Филхармонија на нов протест поради незаконското избирање на нов директор
-
За електронски индекси студентите ќе си почекаат