Тачи: Никој од Косово не е поканет на инаугурацијата на Трамп
Претседателот на Косово,Хашим Тачи, изјави дека нема да присуствува на инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп.
Тачи,кој се наоѓа во официјална посета на САД,уште додал дека никој од Косово не е поканет на инаугурацијата на Трамп.
- Државите ќе бидат претставени само од амбасадорите и ни една странска делегација не се поканува за учество, ни од Косово,ниту пак од други земји,-изјавил Тачи,додавајќи дека на приватната цермонија може да уествува секој кој ќе посака доколку набави билет чија вредност е до 500 долари.
Во следните денови од престојот во САД Тачи,ќе оствари средби со функционери на претседателот во заминување, Барак Обама, меѓу кои потпретсеателот Џо Бајден како и републикански и демократски сенатори.
Тој најавил дека во Вашингтон ќе обезбеди контакти и со функционери од идната администрација,која ќе ја предводи Трамп.
Претходно за косовските медиуми од Алијансата за иднината на Косово потврдија дека официјална покана за инаугурацијата на новиот американски претседател има нивниот лидер Рамуш Харадинај.
Ново на Сител
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница