-->
-->
Тачи: Нема да дозволам формирање Заедница на српски општини
-->

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека нема да дозволи формирање Заедница на српски општини, затоа што, како што рече, тоа би значело формирање Република Српска на Косово.
– Точно е дека претходно се согласив со формирање Заедница на српски општини, но околностите се променија и не можеме тоа да го дозволиме во замена за визна либерализација, рече Тачи, додавајќи дека таксите мора да останат во сила, јави Танјуг повикувајќи се на приштинскиот весник „Зери“.
Тачи додал дека Европската унија „и го свртела грбот на Приштина затоа што ниту после три години од давањето препорака за визна либерализација, земјите членки се уште не донеле одлука“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Голема акција на МВР во поранешната фабрика ОХИС во врска со пронајдените 5 тони марихуана
-

Мицкоски: „Безбеден град“ дава резултати – сообраќајките преполовени, прекршоците под 500 дневно
-

Словенечката влада усвои рамка за ограничување на социјалните мрежи за лица под 15 години
-

Мицкоски: Секако дека ќе дојдеме до разрешница за „извозот“ на мозочни ткива од починати лица во САД
-

Објавен Коментар на Законот за општа управна постапка - важен за Сејф сити и сите управни постапки
-

Опожарен продажен објект во Куманово
-

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти
-

Ќе бидат обележани околу 150 „црни“ точки на скопските улици за поголема безбедност во сообраќајот
