Тачи: Лажна е каузата на опозицијата против демаркацијата
Косовскиот претседател,Хашим Тачи го повторни својот став дека со договорот за демаркација на границата со Црна Гора земјата не губи од својата територија.
- Колку повеќе се наближуваме до денот кога Собранието на Република Косово ќе ја ратификува Спогодбата за граничната линија меѓу Косово и Црна Гора,толку повеќе Косово покажува одлучност за својата евроатланска иднина. Новите факти потврдуваат дека процесот на обележување на граничната линија нема никакви отстапки,и конечно,Косово не губи ни квадратен метар од својата територија,-напиша Тачи на неговата страница на фејсбук.
Тој наведува дека новите факти ја негираат лажната кауза на противниците на овој процес кои во континуитет се противеле заради личен и политички профит.
Тачи упатува апел до политичкиот спектар и до пратениците на косовскиот парламент да гласаат за договорот за демаркација на границата со Црна Гора и како што пишува да се издигнат над секој провинциски интерес и логика.
-Уште еднаш го повикувам политичкиот спектар и пратениците во парламентот да се издигнат над секој провинциски интерес и логика. Да делуваат што поединствено за интересот на земјата.Ова го очекуваат граѓаните на Косово,ова го очекуваат нашите меѓународни пријатели,-напиша Тачи.
И косовскиот премиер Иса Мустафа апелираше до сите членови на Парламентот да се „потсетат колку и должат на меѓународната заедница“ и да го ратификуваат договорот за демаркација на границата со Црна Гора.Тој посочи дека актуелните „граници на Косово се утврдени кога земјата е ослободена и прогласи независност“.
Гласањето за ратификација на договорот треба да се случи на први септември,за кога е закажана седница на косовскиот парламент.
Ново на Сител
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје
-
Стејт Департмент: Разочарани сме што две санкционирани лица ќе бидат министри во Владата на Србија
-
За влез во Грција се чека по 1 час
-
Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Девојче со тешки телесни повреди пренесено во прилепската болница
-
Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце
-
Санкционирани 131 возач во Скопје