Тачи ја обвини Србија за пропаганда во врска со „Голема Албанија“
Претседателот на Косово, Хашим Тачи ја обвини Србија за ширење пропаганда во врска со стремежите на Косово и Албанија за создавање „Голема Албанија“ и нагласи дека Европската унија е наивна, поради тоа што стана жртва на таа пропаганда, јави Танјуг.
На својот профил на Фејсбук Тачи ја означи како „неприфатливи зборови“ пропагандата на Србија во врска со создавање на „Голема Албанија“ и ја повика ЕУ да не потпаѓа под таквите влијанија и да го третира Косово како суверена и независна држава.
Според Тачи не е случајно враќањето на пропагандата, од како што рече „ерата на Томаховк“, а за тоа постојат две причини.
- Едната е да се создаде легитимност за „Голема Србија“, создадена за време на геноцидот во Босна и Херцеговина. Другата е со цел да се поттикнат националистичките и екстремистичките елементи да се дестабилизира и да се нападне територијалниот интегритет на Косово, додаде Тачи.
Според него, Албанија како суверена и независна држава не и пречи на Србија, а за време на дијалогот во Брисел претставниците на Белград без „срам неколку пати кажале дека Србија би се радувала повеќе доколку води дијалог со Албанија, отколку со Косово“.
Ново на Сител
-
Разрешен директорот на Агенцијата за разузнавање
-
Тема на денот со Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Бајдевски засега останува во трката
-
Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ, обвинува за нефер изборен процес
-
Прва владина седница
-
Балансерот заминува во историјата, со ова се поткопува Охридскиот договор - Реагира ДУИ
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Преполовен бројот на Македонци во Албанија, првпат потпишани и Бугари