Тачи и Хоти се договорија за „лидерски тим“ на Косово во преговорите со Србија

Косовскиот претседател Хашим Тачи и премиерот Авдулах Хоти, на нивната прва средба откако Хоти, на 3-ти овој месец, застана на чело на владата, постигнаа договор за идниот форум на лидери што новиот премиер вели дека ќе го формира за да го претставува Косово во претстојните преговори со Србија.
Во соопштение од кабинетот на Тачи се наведува дека претседателот и премиерот разговарале за политичките процеси, состојбата со пандемијата на Ковид-19 и за економското опоравување на земјата.
Тачи, според соопштението, оценил дека, по изборот на новата влада од страна на Собранието на Косово, „политичката ситуација во државата, за среќа, се нормализира и сега треба да се дојде до единство (на политичките субјекти) во процесот на дијалогот наспроти Србија“.
– Премирот Хоти нагласи дека е потребно формирање на сеопфатен тим за преговорите, во кој треба да бидат опфатени и опозициските политички субјекти, се вели во објавата, во која се додава дека претстедателот на држава ја поддржува иницијативата на премиерот.
Ново на Сител
-

Јотова: Да заврши сагата со ОМО Илинден
-

Македонија ќе продолжи да работи и бара решение за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Марта Кос со порака до Бугарија: Откако Македонија ќе го смени Уставот, сметаме на ваша поддршка
-

Гаши останува на своето - не го повлекува ставот за ОВК и покрај реакциите
-

МВР ја казни жената што излезе од својот автомобил да фрли ѓубре во Лепенец
-

При полициска контрола во „Пулс“, лиценцата не им била дадена на увид
-

Тендер за БРТ по години чекање и блокади, граѓаните скептични
