Тачи добил целосна поддршка од Трамп за договорот со Србија
– Косовскиот претседател Хашим Тачи објави денеска дека синоќа во Париз се сретнал со американскиот претседател Доналд Трамп и дека тој изразил целосна поддршка за постигнувањето договор меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Косовските медиуми забележуваат дека во објавата на Тачи на Твитер со ниеден збор не се споменува неговата заложба за „корекција на границата“ со Србија, за што претходно тврдеше дека ја има поддршката на Вашингтон.
– Синоќа имав мошне добра средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Тој изрази 100% поддршка за законски обврзувачки договор меѓу Косово и Србија. Благодарен сум за неговата и поддршката на САД, напиша Тачи.
Косовскиот претседател, заедно со други светски лидери, во Париз учествува на церемонијата по повод 100-годишнината од потпишувањето на договорот за примирје меѓу сојузничките сили и Германија, со кој се стави крај на Првата светска војна.
Ново на Сител
-
Во Кисела Вода пронајден починат маж на автобуска постојка
-
Турчинка физички нападната од такси возач во Скопје
-
Мицкоски: Не може да има промена на имиња на улици без консензус
-
Владата го примила предлог-текстот за пругата на Коридор 8 предложен од Бугарија
-
Полска и Канада потпишаа договор за соработка во областа на нуклеарната енергија
-
Сашко Коцев: Беа во цивилка, не знаев дека се полицајци
-
Сашко Коцев не застанал на полиција, удрил во полицаец па избегал
-
Најмалку 18 повредени во автобуска несреќа во Белград