Тачи : Битката за албанските гласови меѓу ДПА и ДУИ

Претседателот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи денеска изјави дека главната битка за гласови на предвремените избори кај Албанците ќе биде помеѓу него и Али Ахмети. Освен тоа, тој е убеден во победа на неговата партија.
– Јасно дека албанскиот народ во Македонија сака убава политичка и демократска битка. Мислам дека таа битка ќе биде меѓу ДУИ и ДПА, меѓу Али Ахмети и Мендух Тачи. Ние сме подготвени за таква битка. Убеден сум дека ќе ги победиме ДУИ. Уверен сум дека ќе им забраниме да купуваат гласови, да полнат кутии. Би било убаво да имаме таква политичка битка кај Албанците во Македонија. Добро е што кај Македонците има битка помеѓу две партии, добро што Америка има битка меѓу двајца најсероизно кандидати. Мислам дека ќе биде јасно дека ќе се борат две партии, изјави Тачи по средбата со унгарскиот амбасадор Ласло Дукс.
За вчерашната понуда на Алијанса за Албанците до Беса и Алтернатива, Тачи со одговор дека нема да има резултат.
– Нема тука ништо, туку макотрпна борба на поединците, раководителите на тие групации, тие лично да станат партија, рече Тачи.
На новинарско прашање дали има разговори со НДП на Вејсели за предизборна коалиција, лидерот на ДПА рече дека нешто конкретно.
– Иако ги нарекуваат многу мали партии, со напуштањето на друштвото на Села покажаа достоинствен став, кога ја напуштија Владата. Нема нешто точно зошто уште не сме блиску до договор, истакна Мендух Тачи.
Ново на Сител
-

Спиропали: Албанија го поддржува интегрирањето на Македонија во Европската Унија, затоа што делиме заедничка иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ местеле тендери
-

Боледувањата ја осиромашиле германската економија за 200 милијарди евра
-

Попладнево повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја
-

Подари моменти на радост, подари „Среќа плус“
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Чекања и до три часа на европските аеродроми поради новиот систем за влез и излез од ЕУ
-

Лишен од слобода скопјанец, пронајден кокаин
