Таблети за ученици Роми во Берово
Во Берово пристигна донацијата од 30 таблети наменети за ученици Роми кои потекнуваат од семејства со ниски примања и од многудетни семејства, кои наставата ја посетуваат од далечина. Од општината информираа дека станува збор за донација од Советот на Европа, како дел од активностите на Ромактед програмата.
– Таблетите на учениците од основните и средните училишта им ги додели градоначалникот Звонко Пекевски кој честитајки им ги празниците посака да ги користат уредите за забава и игра, но пред се, истите да им послужат за да можат да се вклучат во онлајн наставата, истакнаа од Општината.
Фирдеска Зекирова координатор на Локалната акциска група изрази голема благодарност до Советот на Европа, за обезбедените таблети за учениците Роми од Берово.
– Во следниот период не само за учениците Роми, туку и за дечињата од другите националности во Берово, кои имаат потреба, ќе се обезбедат паметни уреди за следење на онлајн настава. Целта на Ромактед програмата е да ги вклучи Ромите на локално ниво, врз принципот на добро локално владеење и имплементација, рече Зекирова.
Додаде дека за таа цел ќе следува процес на формирање на Акциска група на заедницата и заеднички Акционен план за ученици Роми од семејства со ниски примања и од многудетни семејства кои наставата ја посетуваат од далечина
Ново на Сител
-
Тројца загинати и двајца повредени е црниот биланс на сообраќајната несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Воведни обраќања на денешното судење за Онкологија
-
Чудно е како во претпријатијата каде раководи ДУИ се распламтуваат пожари, вели Мицкоски за пожарот во Дрисла
-
Скадналот со прислушкувањето во фокус на опозициските прашања во Собранието
-
ВМРО-ДПМНЕ во коалиција со 25 партии на претстојните избори
-
Хотелите ги отвораат вратите за пензионерите
-
Започна конкурсот за упис на бруцоши во Државниот студенстки дом во Штип
-
Преглед на вестите од светот