Таа е супер бабичка: На 70 години, истрча 7 маратони, за 7 дена на 7 континенти
Седумдесетгодишната Чау Смит истрчала четири маратони за пет недели, десет маратони во едн години и над 70 маратони во текот на својот живот.
Тоа, меѓутоа не и беше доволно, па одлучи да истрча седум маратони, за седум дена, на седум континенти. Оваа Американка својата цел ја постигна годинава.
Од 25. до 31. јануари ги истрча маратоните во Перт, Австралија, Сингапур, Каиро, Амстердам, Гарден Сити, Њујорк, Пунта Аренар во Чиле и Островот на Крал Џорџ на Антарктикот.
Секој ден Смит станувала и трчала по 42,2 километри, а потоа со авион одела на друга дестинација и тоа го правела повторно.
-Ми требаа осум месеци тренинзи. Последните четири месеци, секоја недела трчав од 15 до 130 километри, рече таа.
Уште девет луѓе ја придружуваа оваа 70-годишна жена во трчањето маратон на седум континенти. Смит често тренира со својот сопруг, кој исто така трча цел живот. Кога најавила дека сака да го истрча “трикратниот 7 предизвик“, тој ја поддржа, но бил загрижен за нејзиното здравје. Без оглед на се, таа својата цел ја постигна.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг