-->
-->
Таа е чудо од дете-12 годишна прилепчанка ги освои сите во Пинкови Ѕвездички
-->
Марија Костоска е 12-годишно девојче од Прилеп кое со познатиот хит на Каролина Гочева, „Не се враќаш“, ги освои симпатиите и на жирито и на публиката во четвртата епизода на талент шоуто „Пинкови ѕвездички“.
За одличната изведба таа ги доби сите пет гласа од жирито, кое прокоментира дека ова не е детско, туку сериозно пеење.
– Ова е петка затоа што не е детско пеење. Ова е сериозно пеење, не е зезање. Мојата ќерка ја обожава оваа песна, така што на неа и ја посветувам оваа емисија, коментираше Гоца Тржан.
Јелена Томашевиќ се надоврза на пофалбите:
-Вие ни поставивте високи стандарди. Можеби некој ќе рече вака не пеат ни возрасни. Но, затоа вие сте „вундеркид“.
Настапот на талентираната прилепчанка погледнете го во продолжение.
Уживајте!
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Загина 52-годишно лице откако со мотоцикл удрил во паркирано возило
-
Турчин пронајден мртов во хотел на Бит Пазар
-
Неготинец тешко повреден при пад од мопед
-
Приведени кавадарчани за непочитување полициски наредби на фудбалски натпревар
-
Трамп: Путин и Зеленски ќе организираат состанок за прекин на огнот во Украина
-
Орбан: Светот е побезбедно место по самитот Трамп-Путин
-
Приведен кумановец, возел со 3,43 промили алкохол во крвта
-
Од утре попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи