„Та Неа“: Во Грција „мириса на избори“
- Левичарската Влада на грчкиот премиер Алексис Ципрас почна да подготвува терен за евентуални предвремени избори, што се гледа во нејзините планови за зголемување на приходите на одделни социјални групи, оценува во денешното издание атинскиот весник „Та Неа“ во текстот под наслов „Мирис на избори“.
Пакетот мерки што ги подготвува грчката Влада вклучува зголемување на минималната плата во приватниот сектор од авагуст годинава, кога треба да заврши имплементацијата на третиот пакет помош за Грција, како и раст на пензиите на околу 180.000 грчки граѓани.
Анкетите на јавното мислење покажуваат дека Грците се поделени во однос на прашањето дали на земјата и се потребни предвремени избори, при што незначително поголем е бројот на оние кои сметаат дека земјата треба да го чека редовниот термин за избор на нов парламент во септември следната година.
Според истражувањата на јавното мислење, доколку сега се одржат избори опозициската конзервативна партија Нова демократија би освоила околу десет проценти повеќе гласови од владејачката Коалиција на радикалната левица (Сириза) на Ципрас.
На почетокот на неделата германскиот весник „Ханделсблат“ прогнозираше дека е возможно Ципрас да распише предвремени избори во текот на претстојната есен, имајќи предвид дека од почетокот на идната година Грција мора да преземе мерки за дополнително намалување на пензиите, согласно договорот што неговата Влада го постигна со кредиторите.
Според весникот, во прилог на тезата дека Ципрас се подготвува за предвремени избори оди и фактот што неговата Влада најавува планови за зголемување на трошоците во државниот буџет, во услови кога се поголем број западни економски експерти предвидуваат дека на Грција ќе и биде потребен и нов четврти пакет помош, како и засилена контрола од страна на кредиторите за исполнување на преземените обврски за дополнителни мерки за штедење.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за забрзан европски развој на Македонија
-

Муцунски во Киев: Стоиме со Украина, таа е суверена држава и нејзиниот територијален интегритет мора да се почитува
-

Сител ТВ вработува новинар во веб редакција
-

Тројца полицајци пренесени на Клинички по тешка сообраќајка во Скопје
-

Македонскиот фолклор одекна во Бразил: „Малешевка“ и „Калајџиско“ на светската сцена во Нова Прата, настапите продолжуваат
-

Прва берба, прво меѓународно оценување и две злата за винаријата „Монтеко“ на престижниот „Мундус вини“ во Германија
-

Јаневска: МОН не доделило стипендија на синот на Милошоски
-

73-годишна жена фрлала дрва кон деца, ги бркала со остар предмет, па им ја дупнала топката во Кичево
