СЗО: Забавува епидемијата на мајмунски сипаници во Европа
Трајниот пренос на мајмунските сипаници од човек на човек во Европа е елиминиран, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Регионалниот директор на СЗО за Европа, др. Ханс Клуге кажа дека има „охрабрувачки рани знаци“ дека забавува епидемијата на мајмунски сипаници.
Во 43 земји од европскиот регион на СЗО пријавени се над 22.000 случаи на мајмунски сипаници, што претставува повеќе од една третина од глобалниот број на инфекции. Тука се вклучени и Русија и земјите од Централна Азија.
СЗО, минатата недела соопшти за пад од 21 отсто на бројот на нови случаи низ светот, по четирите недели по ред на нивно зголемување.
-Постојат охрабрувачки рани знаци, како што се гледа од Франција, Германија, Португалија, Шпанија, Обединетото Кралство и други земји, дека епидемијата може да забавува. За да се придвижиме кон елиминирање на вирусот во Европа, мора итно да ги засилиме нашите напори. Сепак, веруваме дека можеме да го елиминираме трајниот пренос на мајмунските сипаници од човек на човек во Европа доколку се посветиме на тоа и ги вложиме потребните ресурси, рече д-р. Клуге.
СЗО препорачува натамношно задржување на мерките за надзор, целна вакцинација и идентификација на случаите на контакт. Оттаму, исто така, препорачуваат да се работи со машката хомосексуална заедница, меѓу која главно циркулира вирусот, со цел да се поттикне „средина без стигма и дискриминација“.
Ново на Сител
-
Приведено лице во Штип, управувало возило со брзина од 151 км/h на место каде е дозволено 80 km/h
-
Без струја утре дел од општините Аеродром,Кисела Вода и Студеничани
-
Трамп најави купување на нов автомобил Тесла во знак на поддршка за Илон Маск
-
Струмичките и радовишките пожарникари вчера изгаснаа 12 пожари на отворено
-
Еден загинат и тројца повредени во украински напад со дронови врз Москва
-
Маск: „Х“ урната поради масовен кибер напад со потекло од Украина
-
Меркел ја повика Европа да се обедини пред политичките предизвици
-
Во Собранието ќе заседава Комисијата за надзор над работата на АНБ и на АР