СЗО во Црна Гора: Училиштата да се отворат кога епидемијата ќе биде под контрола
Шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Црна Гора, Мина Брајовиќ, изјави дека училиштата во таа држава треба да се отворат кога епидемијата на коронавирусот ќе биде под контрола.
– Отворањето училишта ќе биде предизвик. Тоа е одлука што мора да ја донесат националните власти. Треба да се земат предвид голем број различни фактори и да се изврши проценка на ризик. Се препорачува да се земат предвид епидемиолошката состојба и оперативните и капацитетите на системот, нагласи Брајовиќ.
Таа напомена дека сите земји треба да го имаат предвид пренесувањето на вирусот кај детската популација и дека пренесувањето на инфекцијата во училишните институции треба да се гледа од поширока перспектива.
– Децата мора да имаат соодветни услови. Да ги мијат рацете редовно со сапун и вода и знаеме дека има случаи во училиштата каде санитарните јазли не се во ред, рече Брајовиќ.
Таа истакна дека блокирањето и затворањето на општеството поради вирусот не е опција, ниту избор, но дека мора да се научи да се живее со тоа.
Ново на Сител
-

Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
-

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
