СЗО: Трговијата со диви животни е најприфатлива причина за ширењето на Ковид-19 во Вухан
– Експертите од Светската здравствена организација (СЗО), истражувајќи го изворот на ширење на коронавирусот во кинескиот град Вухан, навестуваат дека трговијата со диви животни може да биде причината за ширењето на вирусот САРС-КоВ-2, јави „Блумберг“.
Меѓународна група експерти на СЗО од 14 јануари речиси еден месец престојуваше во Кина и притоа спроведе заедничко истражување со кинески експерти за да се утврди потеклото на Ковид-19.
Експертите на СЗО, наводно, развиле четири главни хипотези за можното потекло на вирусот. Коронавирусот веројатно не влегол во човечкото тело директно од лилјаците на пазарот за морска храна Вухан. Веројатно имало меѓупреносител на вирусот. Истражувачите, исто така, го доведоа во прашање вештачкото потекло на Ковид-19 и не ја поддржаа теоријата дека пандемијата е резултат на протекување од лабораторија. Исто така, кај нив има и хипотеза споделена од НР Кина во врска со пренесувањето на вирусот преку контаминирана храна. Меѓутоа, најверојатна причина за коронавирусот е трговијата со диви животни на пазарот со морски плодови во Вухан, наведуваат експертите на СЗО.
Доминик Двајер, микробиолог од Сиднеј, кој беше дел од експертската група на СЗО, вели дека вирусот можело да се прими преку заразено животно, кое било продадено на пазарот.
-Пазарот можеби бил клучен за влегувањето на вирусот во човечкото тело, изјави Џоел О.Вертхајм, асистент по медицина на Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего.
Тој додаде дека, според актуелните податоци до кои тие дошле, пазарот е местото каде првично се проширел САРС-КоВ-2, но не мора да значи дека е тоа местото каде што се појавил.
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
