СЗО: Ставете ги во изолација контактите на заразените со коронавирус
Среде вториот бран на панемијата на коронавирус и наглиот пораст на бројот на заразени лица во Европа и САД, директорот на СЗО, Мајк Рајан, им порача на властите: „Ставете ги контактите во изолација“.
„Ако имав право на една желба, со цел да подобрам само една работа што навистина можеме да ја поправиме и да ја смениме ситуацијата, тоа ќе биде да се осигура дека секој поединец кој бил во контакт со потврден случај на Ковид-19 е во карантин онолку колку што е неопходно, да се скрши ланецот на пренос“, рече Мајкл Рајан на прес-конференција во Женева.
„Тоа е една од главните причини зошто гледаме толку високи бројки“, рече тој.
Барањето на контактите стана тешко во многу европски земји, а бројот на нови случаи на Ковид-19 буквално експлодираше на Стариот континент во последните две недели.
„Околу половина од земјите во европскиот регион минатата недела забележаа 50 проценти зголемување на бројот на заразени“, рече тој.
Неговата колешка Марија ван Керхове е изненадена што концептот за жаришта на епидемијата создадени од собири каде не се водат мерки, „не влегува во мозокот“.
„Знам дека на луѓето им е доста, но вирусот покажа дека може повторно да се појави со голема брзина и да им се заканува на болниците и здравствениот систем ако не обрнеме внимание на мерките“, рече генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО).
Бројот на лица заразени со коронавирус во светот надмина 40 милиони, а бројот на смртни случаи е 1,1 милиони.
Ново на Сител
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
-

Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
-

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот
-

Следната недела ќе се знае дали Охрид ќе го задржи статусот на светско наследство
