Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
Телефонски разговори помеѓу дел од обвинетите ја откриваат шемата за заобиколување на критериумите за добивање европски пари преку ИПАРД програмата. Според комуникациите кои денеска беа презентирани во судницата, посредник била Јасмина Костадинова која веќе призна вина и беше осудена на 10 месеци затвор.
Таа преговарала со обвинетите Фејзула за сумата од 50 илјади евра кои како поткуп за да го добие ИПАРД проектот, ги дал обвинетиот Џевдет Насуфи.
Костадинова според пораките постојано комуницирала со обвинетиот Фејзула, барала половина од парите да бидат исплатени претходно, а останата половина откако ќе се потпишел договорот. Кога дознава дека е одобрен проектот на Џевдет Насуфи вреден половина милион евра, вели дека парите кои ќе ги добие како процент за завршената работа, се големо освежување за неа и дека ќе има да троши цело лето.
Поврзаноста со останатите обвинети, ќе се докажува со видео снимки од безбедносни камери и средбите кои ги имале обвинетите, додава обвинителката Поп Трајкова.
Во случајот се обвинети осуммина меѓу нив и поранешниот директор на Платежната агенција, Илија Стоилев.
Обвинителството ги товари дека примиле поткуп од 50 илјади евра за да овозможат Насуфи да ги заобиколи критериумите и неговиот проект да добие финансиска поддршка од ИПАРД програмата.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
