СЗО со предлог до УЕФА: Забранете го фудбалот на 18 месеци
Светската здравствена организација (СЗО) наводно се обратила до Европската фудбалска асоцијација (УЕФА со барање за суспензија на фудбалот во наредните 18 месеци. Во организацијата, како што пишуваат светските медиуми, се подготвуваат за екстремни мерки во случај на втор бран на пандемијата од ковид-19 што веќе го парализира светот, вклучително и спортот и спортските натпреварувања.
Според наводи на италијанскиот весник „Република“, СЗО го истакнала својот предлог на вчерашниот состанок со генералните секретари на членките на УЕФА што е одржан со видео конференциска врска. „Република“ пишува дека желба на СЗО е одложување на сите фудбалски натпревари во наредните 18 месеци. Притоа во СЗО се разгледуваат сите можни сценарија, но и загриженост од појава на втор бран на пандемијата.
Од друга страна се истакнува дека евентуално продолжување на прекинот на сезоната ќе предизвика загрозување на финансиската стабилност на бројни клубови кои веќе ги намалија платите на своите фудбалери под притисок на кризата од коронавирусот.
Ново на Сител
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?
-
Притвор 30 дена за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски