СЗО: Секој ден во последните две недели во светот има по 100.000 нови случаи на коронавирус
Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гребрејсус, изјави дека во последните две недели секој ден во светот се регистрираат по повеќе од 100.000 потврдени случаи на коронавирус, претежно во САД и Јужна Азија.
На земјите што го спречиле преносот на вирусот тој им порача дека мораат да бидат подготвени на можноста за повторна појава во зголемен број случаи.
Тедрос, исто така, посочи за новата серија случаи во Пекинг, што повеќе од 50 дена беше без нови случаи на Ковид-19 и рече дека се испитува потеклото на новата серија случаи, пренесуваат американските медиуми.
Мајкл Рајан, шеф на СЗО за вонредни ситуации, изјави дека здравствената агенција на ОН им понудила дополнителна помош на кинеските власти и дека СЗО може да го зајакне својот тим во Кина во наредните денови додека напредува истрагата.
Тедрос истакна дека биле потребни два месеци за да се достигнат првите 100.000 пријавени случаи, а сега тоа е дневна норма. Речиси три четвртини од новите случаи секој ден доаѓаат од 10 земји, претежно од Јужна Азија и Америка, рече тој.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава