СЗО регистрира нов антирекорд во бројот на смртни случаи изминатата недела во светот од Ковид-19
Повеќе од 96.000 луѓе починаа во светот од Ковид-19 во изминатата недела, што е највисок број од почетокот на пандемијата. Во исто време, инциденцата се намалува трета недела по ред, соопшти Светската здравствена организација.
Минатата недела беа дијагностицирани околу 3,7 милиони нови случаи на коронавирусот, што е за 13 проценти помалку од претходните седум дена.
Од 31 јануари, од почетокот на пандемијата, повеќе од 102 милиони луѓе биле заразени, а над 2,2 милиони луѓе починале ширум светот.
Падот на морбидитетот во изминатата недела беше особено забележлив во Африка (за 27 проценти) и во регионот на Европа (за 18 проценти). Смртноста во овие региони исто така е намалена – за 8 проценти. Сепак, беше забележано зголемување на смртни случаи во Западен Пацифик (за 21 процент), во Источен Медитеран (за 9 проценти) и во Западна хемисфера (за 4 проценти).
Во Северна и Јужна Америка, повеќе од 1,8 милиони луѓе се разболеа, а повеќе од 47.000 починаа за седум дена. Во Европа, бројот на заразени лица е зголемен за повеќе од 1,25 милиони, а бројот на смртни случаи за повеќе од 36.000.
Во САД бројот на заразени се зголеми за повеќе од 1,07 милиони за една недела. Следат Бразил (над 364.000 нови случаи), Велика Британија (над 178.000), Франција (над 141.000), Русија (над 131.000), Шпанија (над 109.000), Мексико (над 109.000), Индија), Колумбија (над 90.000) и Индонезија (над 88.000).
Ново на Сител
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час
-
Станковиќ: Новиот буџет ќе го развие земјоделството
-
Меѓународен ден на студентите
-
Се намалува старосната граница на дијабетичари