СЗО: Последица од пандемијата може да биде зголемена телесна тежина кај децата
Европската канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека пандемијата на коронавирусот може да има непредвидливи последици кои би можеле да резултираат со зголемена дебелина кај децата.
Во извештајот од регионалната канцеларија на СЗО објавен денеска се наведува дека затворањето на училиштата за време на карантинот може негативно да влијае врз исхраната и физичката активност на децата, бидејќи тие немаат училишни оброци и училишни активности.
– Ковид-19 може да влијае врз влошување на еден од загрижувачките трендови во европската област на СЗО, а тоа е појава на зголемена телесна тежина кај децата, изјави Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.
Тој додаде дека прекумерната телесна тежина подоцна се поврзува со опасни болести по живот, како што се кардиоваскуларни болести, дијабетес и рак.
За да се избегне негативното влијание на коронавирусот врз иднината на децата, Клуге повика на усвојување на научно базирани политики насочени кон промовирање на здрава исхрана и физичка активност, а притоа мислејќи на воведување данок на засладени пијалоци, се наведува во извештајот.
Врз основа на истражувањето спроведено во 36 земји е утврдено дека речиси секое трето дете во европскиот регион на возраст меѓу шест и девет години страда од прекумерна тежина.
Студијата покажа дека состојбата е најлоша во земјите од Медитеранот, иако во некои држави ситуацијата од неодамна постепено се подобрува, на пример во Грција, Италија, Португалија и Шпанија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација