СЗО: Околу 3.300 луѓе умираат секоја година во БиХ од загадување на воздухот
Според проценките на Светската здравствена организација, во БиХ годишно умираат 558 од 100.000 луѓе од директни последици од загадување на воздухот, додека Сараево често се наоѓа на врвот на листата на најзагадени градови во светот.
Истражувањето спроведено во октомври 2019 година покажува дека во БиХ околу 3.300 луѓе годишно умираат предвреме како резултат на изложеност на загадување на воздухот со ПМ2.5.
Околу 16 отсто од овој товар на болеста паѓа на Сараево и Бања Лука.
Како што пренесува сараевскиот портал Кликс, граѓаните на БиХ, но и земјите од регионот, повеќе вдишуваат отровни честички од оние во другите земји, поради широката употреба на цврсти горива за греење и готвење, а на Балканот се уште постојат голем број постројки на јаглен и лигнит.
Оттаму се додава дека седум од десетте најзагадувачки термоелектрани во Европа се наоѓаат на овој простор.
Затоа, бројни експерти, но и странски организации, постојано предупредуваат дека борбата против аерозагадувањето е од клучно значење и бара итна акција
Ново на Сител
-
ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население
-
Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-
Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-
Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-
Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра
-
Притвореници не се спроведуваат на судења поради недостиг на затворски полицајци
-
Лице кое било под лупа на ДКСК кривично ја гони екс претседателката
-
Меџити и Ѓорѓиевски не очекуваат хаос со изборните листи – Зелен Хуман град собира потписи за нова партија