СЗО: Не политизирајте со одлуки за повторно отворање училишта
Светската здравствена организација соопшти денеска дека одлуките за повторно отворање на училиштата не треба да бидат политички, туку дел од пошироката стратегија за борба против Ковид-19.
Извршниот директор на СЗО за програми за итни случаи, Мајк Рајан, рече дека ваквите одлуки бараат да се погледне над тоа како училиштата, работните места или објектите за долготрајна нега реагираат индивидуално на епидемијата на коронавирусот.
Изјавата е дадена во време кога официјалните лица на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се повеќе повикуваат на отворање на училиштата во САД.
-Треба да се фокусираме на сеопфатна долгорочна стратегија што се фокусира на сите истовремено, рече Рајан.
Тој посочи дека државите треба да донесуваат одлуки врз основа на околностите што преовладуваат во нив или сегашното ниво на пренесување.
– Не можеме да ги претвориме училиштата во уште еден политички фудбалски натпревар во оваа игра. Не е фер за нашите деца. Мораме да донесуваме одлуки кои се засноваат на најдобрите интереси на нашите деца, без оглед дали се тоа нивни образовни или здравствени интереси, рече Рајан.
Ново на Сител
-
Мишел и Фон дер Лајен телефонски разговарале со Трамп
-
Во судирите во Амстердам повредени 10 израелски навивачи, Нетанјаху испрати спасувачки авиони
-
ЦУК: Изминатите 24 часа - 10 пожари на отворено, еден сѐ уште активен
-
Лашоска: Мерките за намалување на ризикот од катастрофи на локално ниво се од суштинско значење за заштита на заедниците
-
Првото семејство со ретката болест „Фабри“ ќе прими терапија
-
Бројот на жртви во рускиот напад врз Запорожје се искачи на осум, повредени 42 лица
-
ИЈЗ со телефонска линија за совети за откажување од пушење
-
Тошковски: Имаме голем број докази за криминали добиени преку SKY апликацијата