СЗО ќе спроведе истрага за наводно сексуално злоставување во ДР Конго
Директорот на Светска здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека СЗО е огорчена поради тврдењата за наводно сексуално злоставување од страна на хуманитарните работници кои биле ангажирани за време на епидемијата со ебола во ДР Конго.
Гебрејесус истакна дека СЗО ќе спроведе истрага и оти сторителите ќе бидат казнети. Тој додаде дека нема да биде толерирано такво однесување и оти секој за кого ќе се утврди дека е вмешан во злоставиување ќе се соочи со „сериозни последици,вклучително и моментален отказ“.
– СЗО застапува политика на нулта толеранција во поглед на сексуална експлоатација и злоставување, истакна Гебрејесус.
Фондацијата „Томас Ројтерс“ вчера соопшти дека повеќе од 50 жени ги обвиниле хуманитарните работници од СЗО и од други невладини организации за сексуално искористување и злоставување за време на епидемијата со ебола во ДР Конго во периодот од 2018 до 2020 година.
Ново на Сител
-
„Македонско село“ ќе се отвори во јуни, концесионерот ќе плаќа месечна кирија од 3 и пол илјади евра
-
Нема место за 4.671 дете во градинките
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет да ја преиспита одлуката за Теодора
-
Филков: Останувам министер за правда – коалицијата функционира одлично
-
Меџити: Таравари да се одлучи
-
Филипче повика на уставни измени
-
Овошките на удар од ниските температури