СЗО ја одобри вакцината на Џонсон и Џонсон за итна употреба
Светската здравствена организација денеска ја одобри вакцината на Џонсон/Џонсон против Ковид-19 за итна употреба.
СЗО „ја вклучи вакцината против Ковид-19 Ad26.COV2.S развиена од Џансен (Џонсон и Џонсон), во списокот на препарати за итни случаи во сите земји и за (Меѓународен механизам за пристап до вакцини)“, се наведува во соопштението од оваа организација.
СЗО потсети дека оваа вакцина вчера беше одобрена од Европската агенција за лекови.
Досега, списокот на СЗО со вакцини препорачан за употреба против Ковид-19, ја вклучуваше само вакцина Комирни, ко-развиена од Фајзер од САД и БиоНТек од Германија, како и две варијанти на вакцини од британско-шведската компанија АстраЗенека и Универзитетот во Оксфорд
– Секоја нова, безбедна и ефикасна алатка против Ковид-19 е уште еден чекор поблизу до контролата на пандемијата, наведе шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус.
Ново на Сител
-
Од утре до понеделник јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред
-
Изречени 34 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола
-
Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно
-
Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога
-
ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа