СЗО: Имунизацијата на децата не е висок приоритет
Вакцинацијата на деца не е приоритет од гледна точка на Светската здравствена организација, иако сè поголем број богати земји одобруваат вакцини против Ковид-19 за тинејџери и деца.
Експертот на СЗО за вакцинација д-р Кејт О’Брајан вели дека имунизацијата на децата против коронавирусот „не е голем приоритет“, со оглед на исклучително ограниченото глобално снабдување со вакцини.
Таа истакнува дека вакцинирањето на децата „не е приоритет од гледна точка на СЗО“, иако се поголем број богати земји одобруваат вакцини против Ковид-19 за тинејџери и деца.
Канада, САД и Европската унија неодамна одобрија неколку вакцини против Ковид-19 за деца на возраст од 12 до 15 години, кога се приближуваат кон целите за вакцинација на возрасните.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус претходно ги повика богатите земји да ги донираат своите вакцини на сиромашните, наместо да ги имунизираат своите адолесценти и деца.
Помалку од еден процент од вакцините против Ковид-19 се даваат на сиромашните земји.
О’Брајан вели дека не е потребно да се вакцинираат децата пред да се испратат на училиште ако возрасните кои се во контакт со нив биле имунизирани.
Ново на Сител
-
Тим од медицинска сестра, социјален работник, психолог и физиотерапевт ќе посетува семејства од социјален ризик
-
Општина Босилово почна со рециклирање на текстилот
-
Преглед на вести од светот
-
23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба
-
Се уште се трага по исчезнатиот 60 годишен стружанец
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар