СЗО: Дневно во светот има по 100.000 нови случаи на коронавирус
Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, вели дека во последните две недели има повеќе од 100.000 потврдени случаи на коронавирус дневно.
Тедрос истакна дека биле потребни два месеци за да се достигнат првите 100.000 пријавени случаи, а сега тоа е дневна норма. Скоро три четвртини од новите случаи доаѓаат од 10 земји, претежно од Јужна Азија и САД.
Тој им порача на земјите што го спречиле пренесувањето на вирусот дека мора да бидат подготвени поради можноста за повторен пораст на бројот на случаи.
Тедрос посочи и на порастот на бројот на новозаболени во Пекинг, каде што 50 дена немаше нови случаи.
Мајкл Рајан, шеф на СЗО за вонредни ситуации, рече дека здравствената агенција на ООН им понудила дополнителна помош на кинеските власти и дека СЗО може да го зајакне својот тим во Кина во наредните денови како што напредува истрагата.
Ново на Сител
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати
-
Европскиот фронт најави тужби до Управниот суд и кривични пријави за членовите на ДИК
-
Без средба, само консултации за идното владино коалицирање
-
Следната недела СДСМ ја почнува постапката за избор на ново раководство
-
МЗ како портпарол на Токсикологија со обвинувања за Нико Беќаровски - професорот негира и најави тужба
-
Македонија 2025: Дијаспората сака да помогне, власта нема слух
-
Жителите на прилепско Ореовец денеска се собраа на нов протест
-
Полагање матура во холови и спортски сали, наместо во училници