СЗО: Делта сојот ги замени останатите три загрижувачки варијанти
„Загрижувачката“ делта варијанта на коронавирусот, присутна во 185 земји низ светот, ги замени другите три загрижувачки варијанти – алфа, бета и гама, кои сега претставуваат помалку од еден процент од сите случаи на заразени, соопшти вчера Светската здравствена организација (СЗО ).
Сите вируси, вклучувајќи го и САРС-КоВ-2, што го предизвикува Ковид-19, мутираат со текот на времето.
Појавата на варијантите кон крајот на 2020 година, што претставуваше зголемена закана за глобалното јавно здравје, ја натера СЗО да означи варијанти што треба да се „следат“ и други „загрижувачки“ варијанти, со цел да се даде приоритет на набљудувањето и истражувањето на глобално ниво.
„Делта варијантата сега преовладува. Всушност, помалку од еден процент од моментално достапните секвенци се загрижувачките варијанти – алфа, бета и гама“, одговори директорката на техничката екипа на СЗО за Ковид-19, Марија Ван Керкове, на социјалните медиуми.
-Овој вирус стана посилен, полесно пренослив и ги замени другите вируси, додаде таа, прецизирајќи дека тој е присутен во 185 земји.
СЗО одлучи да ги именува варијантите што треба да се следат и се загрижувачки, според буквите од грчката азбука, со цел да се избегне каква било стигматизација на една земја и да и се овозможи на јавноста полесно да ги изговара. сд/
Во моментов, СЗО ги смета овие четири варијанти како „загрижувачки“.
Организацијата досега сметаше дека треба да се “следат” пет други варијанти (eta, iota, kappa, lambda и mu). Но, три варијанти, ета, Јота и капа, се отстранети од списокот, рече Ван Керк.
Ново на Сител
-
Лишени од слобода возачи во Тетово и Гостивар, управувале возила под дејство на алкохол
-
Санкционирани осум лица во струмичко поради непочитување на забраната за движење во шуми
-
Трипуновски: Рекордна цена на најзастапените сорти на грозје
-
Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина
-
Пријавен случај на подметнување пожар во Делчево
-
Активни два пожари на отворен простор, четири ставени под контрола, 22 целосно изгаснати
-
Иранскиот претседател бил повреден за време на војната со Израел
-
27 лица загинаа во израелски напади во Газа