СЗО: Децата не треба да се вакцинираат сè додека не се вакцинираат постарите и ризичните

Светската здравствена организација (СЗО) денеска оцени дека децата не треба да се вакцинираат против Ковид-19 сè додека не се вакцинираат постарите лица и ризичните групи во сите земји.
– Би сакале да повториме дека приоритет треба да биде сите земји да добијат вакцина за високо ризични групи пред да се вакцинираат оние кои имаат многу помал ризик од зараза, рече Кејт О’Брајан, директор на одделот за имунизација и вакцинација на СЗО.
Предупредувањето доаѓа откако Канада во средата ги одобри вакцините на Фајзер/Бионтек за адолесценти од 12-годишна возраст па нагоре, со што стана првата земја што го стори тоа.
Следната недела се очекува истото да го направат и САД, а Германија најави дека до крајот на август ќе им понуди вакцина на сите над 12 години.
Проширувањето на кампањата за вакцинација на адолесцентите во побогатите земји може да ја зголеми нееднаквоста во дистрибуцијата на вакцините, нешто што СЗО постојано го критикува.
– Откако вакцините ќе бидат дистрибуирани на соодветен и правичен начин – така што секоја земја ќе добие доволно вакцини за приоритетните групи, ние силно ќе го поздравиме давањето вакцини на помладите генерации, рече О’Брајан
Шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус вчера ги повика богатите земји-членки на Г7 да дадат апсолутен приоритет на еднаквиот пристап до вакцините, нагласувајќи дека сегашната состојба е „неприфатлива“.
– Најважното нешто што сега ни треба се вакцините, рамноправност во вакцинацијата, рече тој, додавајќи дека пандемијата зема 100.000 животи неделно.
– Сите знаеме што треба да се стори за да се зголеми производствениот капацитет и со тоа имунизацијата во сите земји, рече шефот на СЗО.
Тој истакна дека „повеќе од 80 проценти од дозите на вакцини“ биле дадени во побогатите земји, додека најсиромашните примале само 0,3 проценти.
– Тоа е неприфатливо, ваквиот јаз е неприфатлив, заклучи Тедрос.
Ново на Сител
-

Путин: Американските санкции нема значително да влијаат врз руската економија
-

Колку и да си популарен остани си човек | Боби Павловски | ПРОфесија | Sitel Podcast 120
-

Милосим Војнески се повлекува од изборната трка за градоначалник на Македонски Брод
-

Кривичен одреди притвор и куќен притвор за осомничените за лихварство и перење пари
-

На Табановце и Блаце за влез и излез од државава се чека до 40 минути
-

Мицкоски: Нема предвремени избори, време е за голема офанзива на секој план, народот сака подобар стандард
-

ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори
-

Мицкоски: Да излеземе масовно на 2 ноември и да го заокружиме бројот 9 за развој и напредок
