СВР Велес: Трите починати лица во Црвени Брегови на возраст од 71 и 66 години и еден малолетник

Трите починати лица што беа пронајдени во неготинското село Црвени Брегови биле на возраст од 71 и 66 години и еден малолетник, а нивните тела се предадени за обдукција, потврдија вечерва за МИА од СВР Велес.
- Првичната информација е дека во 16.35 часот во ОВР Неготино било пријавено дека во објект во село Црвени Брегови, неготинско, биле пронајдени три починати лица- Ј.Ј.(71) од Битола, Ф.Е.(66) од Ресен и малолетник од село Црвени Брегови. Лекар од Итна медицинска помош Неготино констатирал смрт, а увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција, појасни портпаролката на СВР Велес Биљана Ѓаковска за МИА.
По спроведена сеопфатна истражна постапка надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд – Скопје до
Претходно случајот го потврдија од Јавното обвинителство од каде наведоа дека при првичниот преглед на лицата не се констатирани траги на насилство.
-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци извршил увид на лице место во неготинското село Црвени Брегови, каде во мала куќа која се користела како импровизиран верски објект биле пронајдени три безживотни тела меѓу кои и на едно дете на возраст од околу 14 години.
- При првичниот преглед на лицата не се констатирани траги на насилство. Јавниот обвинител издава наредби за обдукција, како и наредба за испитување на исправноста на плинскиот уред на кој се грееле, изјавија од Обвинителството за МИА
Ново на Сител
-

Три малолетни девојчиња нападнати од четири женски лица во Аеродром
-

Општина Струга не може да го продаде „аудито“ на Мерко од 67.000 евра поради стар долг
-

Малолетници нападнале 15-годишник во Скопје, еден од нив пукал со пиштол кон него
-

МНРиНТ: Досега реализирани четири летови за евакуација на граѓани од Блискиот Исток, превезени вкупно 458 патници
-

Семејството ја пријавило за исчезната, познат идентитетот на пронајдената жена во Вардар
-

15-годишен чирак со остар предмет го нападнал синот на газдата на берберница во Арачиново
-

ИДФ го погодиле нуклеарниот комплекс Телеган, крај Техеран
-

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче
