СВР Тетово со интензивни контроли во угостителските објекти поради бучавост и присуство на малолетници
Секторот за внатрешни работи Тетово значително ги интензивираше контролните активности во угостителските објекти со оглед на зголемената раздвиженост поради летните месеци, а поради појавите на зголемена бучавост, присуство на малолетници и слично. Чести се пријавите до полицијата од страна на жители во станбени згради каде има угостителските објекти во приземните делови.
-Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира до сопствениците на кафулиња, дискотеки и други угостителски објекти да внимаваат на јачината на музиката што ја пуштаат во нивните локали или ја свират музичките групи и истовремено ги потсетува дека глобата за ваквиот вид прекршок се движи од 200 до 500, односно до 1000 евра во денарска противвредност член 8 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.
СВР Тетово, додаде, исто така апелира угостителите да не дозволуваат престојување на малолетници во објектите по 24 часот ( член 21 од Законот за прекршоци против ЈРМ) и да не ги послужуваат со алкохолни пијалаци, бидејќи во тој случај ги очекуваат поднесоци и високи парични глоби од 1700 до 2000 евра во денарска противвредност.
Полицијата со потсетување и дека за послужување алкохол на малолетници угостителите можат да бидат и кривично гонети.
Ново на Сител
-

Најверојатно повторно ќе се намалуваат акцизите на горивата
-

Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
