СВР Тетово: Општината беше предупредена за незаконско поставување на столпчиња долж велосипедската лента
Тетовската полиција потврди дека има реагирано во Општина Тетово за незаконско поставување на столпчиња долж обележаната велосипедска лента со црвена боја, на булевар „Илинденска“, а кои денеска по налог на новиот градоначалник почнаа да се отстрануваат.
Велосипедската лента беше поставена во април годинава во време кога градоначалничка беше Теута Арифи. Полицијата два пати испратила предупредувања, по што покренала и прекршочна постапка.
-Секторот за внатрешни работи Тетово, во два наврати годинава, испрати соодветни писмени предупредувања законски да се регулира обликувањето на новата велосипедска патека во Тетово. И откако адекватно не е постапено по двете предупредувања, СВР Тетово во април поднесе барање за покренување прекршочна постапка против правно и одговорно лице, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Велосипедската лента долж булеварот „Илинденска“ во април стана предмет на исмејување преку социјалните мрежи, бидејќи беа оставени бетонски препреки на самата површина, кои подоцна беа отстранети. Потоа истата беше инфраструктурно оспособена и беше користена од велосипедистите.
Ново на Сител
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните
-
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
-
Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани
-
По 51-ви пат во Долнени грмнаа тапаните, писнаа зурлите и кавалите, се одржува фестивалот „Пеце Атанасоски“
-
Во пораст бројот на деца со деформитети
-
Преглед на вестите од светот