СВР-Штип:Откриени 35 возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол
При извршени контроли за време на викендот од страна на СВР - Штип утврдено е дека 35 возачи ги управувале своите автомобили на регионалните и магистралните патишта под дејство на алкохол, информираше денеска портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.
- Од извршениот алко тест на вкупно 177 возачи, кај 35 е откриено присуство на алкохол, поради што истите се исклучени од сообраќај и издадени им се мандантни платни налози. На 33 возачи привремено им се одземени возачките дозволи, вели Панајотова.
Таа истакна дека СВР-Штип продолжува со зајакнати мерки за откривање и санкционирање на оние возачи кои ќе направат прекршоци во сообраќајот доколку возат брзо или под дејство на алкохол, а кои се и најчестите причини за предизвикување на сообраќајни несреќи. Панајотова апелира возачите да се придржуваат на сообраќајните правила и прописи.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости