СВР Штип со апел до учесниците во сообраќајот, за само два дена на патиштата има две жртви
За само два дена од Новата 2023 година на подрачјето на Полициската станица-Штип во сообраќајни несреќи загинаа две лица.
На првиот ден од Новата година загина 21 годишно момче од Скопско, а синоќа 37 годишен маж од Пробиштип во судир меѓу автобус и возило Опел астра, во кој бил сопатник.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова на денешната прес-конференција вели дека возачот на автомобилот е хоспитализиран во Клиничка болница-Штип. Панајотова истакна дека продолжуваат со засилени акциски контроли на патиштата, кои се на подрачјето на СВР-Штип.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот на крајна внимателност и одговорност, максимално да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и да ја прилагодат брзината спрема временските прилики (магла) и состојбата на коловозот, бидејќи секое непочитување може да заврши со сериозни и фатални последици, вели Панајотова.
Посочува дека лани на подрачјето на СВР-Штип загинале 14 лица, а идентичен е бројот на жртви во сообраќајни несреќи во овој регион и во 2021 година.
Ново на Сител
-
Ребалансот на буџетот на владина седница најверојатно во четврток
-
Поскапуваат бензините и дизелот, ова се новите цени
-
Израел со нови воздушни напади врз Иран
-
Авион на „Луфтханза“ на пат кон Индија се вратил во Франкфурт поради закана за бомба
-
ИДФ: Имаме целосна воздушна контрола над Техеран
-
Рано е да се каже дали воениот конфликт меѓу Иран и Израел ќе предизвика ценовен шок, смета бизнисот
-
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани
-
Приведени три лица од Тетово за брзо возење, едниот возел 180 на место каде дозволено е 80