СВР Штип регистрира пет сообраќајни несреќи за едно деноноќие
Пет сообраќајни несреќи се случиле на подрачјето на СВР-Штип за едно деноноќе.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека во овие несреќи седум лица се здобиле со телесни повреди, а дел од нив завршиле во болниците во Штип и Велес. Инаку две од сообраќајните несреќи се случиле во Светиниколскиот регион, а по една во Штип, Виница и Кочани.
– Карактеристично е што синоќа во 19:30 се случиле две несреќи во светниколскиот регион, едната е на локалниот пат Свети Николе село Горубинци, каде што автомобил удрил во пешак, а втората е на влезот на село Лозово, каде што во несреќата до судир доаѓа меѓу мотоколтиватор и мотор, на кој се превезувале две малолетни лица на возраст од 16 години. Повредени се сопатничката на мотоколтиваторот и малолетниците, кои се хоспитализирани во Општата болница во Велес, истакна Панајотова.
Панајотова вели дека од СВР – Штип се упатува апел до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, поставената сообраќајна сигнализација, да ја прилагодат брзината на движење кон условите и состојбата на патиштата, како не би дошло до сообраќајни незгоди со потешки последици, а воедно и за лична безбедност и безбедност на останатите учесници.
Ново на Сител
-
Перински: Партнерството со Унгарија ќе придонесе за унапредување на општинскиот развој
-
Главната железничка станица во Виена повторно е отворена за сообраќај по наводна закана за поставена бомба
-
Трамп: САД нема уште долго да ги толерираат изјавите на Зеленски
-
Муцунски: Унгарија е меѓу 10-те најголеми наши трговски партнери и странски инвеститори
-
Орбан ќе бара од Европскиот совет да нема заклучоци за Украина
-
Анкета: Само 13 oтсто од Украинците ги сметаат САД за пријателска земја
-
Муцунски: Нашата надворешна политика се базира на усогласеност со политиката на ЕУ и стратешкото партнерство со САД
-
Почна склучувањето договори за новата реколта тутун со нови цени