СВР Куманово ги учеше најмладите за безбедно учество во сообраќајот
Отсекот за превенција од СВР Куманово и општина Куманово, денеска, на градскиот плоштад за учениците и најмладите од градинките организираа практично показна вежба за безбедно движење по улиците, поминување пешачки премин и безбедно користење велосипед.
Во вежбата се приклучија претставници од општинската организација на Црвениот Крст кои покажаа санирање повреди здобиени при пад од велосипед.
Присутните користеа мобилен сообраќаен полигон, а на овој начин преку јавна манифестација, сметаат организаторите се подига и јавната свеста кај граѓаните за почитување на сообраќајните правила и прописи и особено се става акцент на заштита на најмлаите учесници во сообраќајот.
– СВР Куманово максимално посветува внимание на едукативните активности што ја градат сообраќајната култура од најрана возраст, за да изградиме генерации кои ќе ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, изјави началникот на отсекот за превенција, Виолета Богдановска.
Во рамки на едукацијата институциите организираат и теоретска обука преку работилници за запознавање на најмладите од основните училишта и од градинките насловена „Сообраќаен буквар“ при што се обучуваат за безбедно учество во сообраќајот, безбедно движење на тротоари, на улици, преминување улици, почитување светлосна сигнализација, се она со што се среќаваат во сообраќајот, а ќе помогне за нивно безбедно движење.
Показните вежби ќе се реализираат и во иднина, со цел градење сообраќајна култура и јакнење на довербата помеѓу најмладите и полицијата.
Ново на Сител
-
Русија ги предупреди НАТО и ЕУ: Секоја агресија ќе биде пречекана со „решителна реакција“
-
ПМФЛ: Домашни победи за Арсими и Тиквеш
-
Четворицата осомничени за експлозија на бомба во Битола се гонат за „Тешки дела против општата сигурност“
-
ЦУК: Вкупно два пожари на отворен простор, еден активен
-
Пријавени два случаи на меѓуврсничко насилство во еден ден во Скопје
-
Уапсен 25-годишен неготинчанец, превезувал мигранти и удрил полициски службеник
-
Приведен 30-годишник, прегазил пешак кој што подоцна починал
-
Приведен 48-годишен тетовец, управувал возило под дејство на алкохол