Свлечиште на патот кај село Косоврасти, забрана за тешки товарни возила
Патниот правец Маврово – Дебар кај село Косоврасти изутрина од 06:30 часот сообраќајот е дозволен само за лесни возила кој се одвива по девијација. Забрана за сообраќај важи само за тешки товарни возила.
Патот беше затворен за сообраќај во двата правци од ноќеска во 02.15 часот поради свлечиште на земја.
-Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на планинските превои со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Декчево.
Ново на Сител
-
Тројца загинати и двајца повредени е црниот биланс на сообраќајната несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Воведни обраќања на денешното судење за Онкологија
-
Чудно е како во претпријатијата каде раководи ДУИ се распламтуваат пожари, вели Мицкоски за пожарот во Дрисла
-
Скадналот со прислушкувањето во фокус на опозициските прашања во Собранието
-
ВМРО-ДПМНЕ во коалиција со 25 партии на претстојните избори
-
Хотелите ги отвораат вратите за пензионерите
-
Започна конкурсот за упис на бруцоши во Државниот студенстки дом во Штип
-
Преглед на вестите од светот