Свилановиќ: ЕУ веднаш да започне преговори за членство со сите шест балкански држави
Европскиот совет треба да донесе итна одлука за отворање на преговорите за членство со сите шест земји од Западниот Балкан, порача генералниот секретар на Советот за регионална соработка (РЦЦ), Горан Свилановиќ, на денешната конференција „Балканите: Зголемување на поврзаноста на патот кон ЕУ“, што во организација на невладината „Пријатели на Европа“ се одржува во Брисел.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, на оваа конференција на која беа присутни и екс-комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе, како и високи претставници на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), на Стејт департментот од САД, како и министри од земјите од Балканот, Свилановиќ додаде и дека „ако не почнува преговори, барем ЕУ да почне скрининг со сите држави од Балканот на поглавјата 23 и 24“.
- Проширувањето во стилот „работа, како и обично“ - не функционира повеќе. Ги повикувам Европската комисија и Европскиот совет веднаш да почнат преговори со сите шест балкански земји. Пристапните преговори се реформски процес за земјите, со фокус на владеење на правото, на борба со корупција и слободата на медиумите. Мојата порака е не кога да се заврши процесот, но да се почне, да бидеме зафатени и успешни. Ако не со преговори, тогаш барем со предскрининг процес за сите за поглавјата 23 и 24. А, ЕЕАС да се посвети на билатералните односи со ЕУ и не-ЕУ земјите, на што не смееме да затвораме очи
Министерот за надворешни работи на Албанија Дитмир Бушати, посочи дека треба да се избегне друго присуство на просторот на Балканот, мислејќи на се поголемото руско присуство.
- Последните две години, во однос на политичката криза во Македонија има почести изјави од рускиот министер за надворешни Сергеј Лавров, отколку од ЕУ и од Европската дипломатска служба! Тука е и Кина со „16 плус еден“ иницијативата. А, како Србија и Македонија ја решија бегалска криза беше добра лекција за неколку ЕУ-земји, посебно што овие балкански земји останаа верни на европските вредности, посочи Бушати.
Претставникот на Стејт департментот, пак, посочи дека новата администрација на избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, дека нема да биде различна во односите со Европа и Западниот Балкан, во однос на онаа на Барак Обама. Според него, тоа е поради тоа што првите тројца од досега четворицата избрани раководни кадри во Стејт департментот од тимот на Трамп се поранешни високи функционери во сите т.н. американски влади, како на демократите, така и на републиканците.
Ново на Сител
-
ПОЦ: Минатата недела санкционирани се 103 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-
Поведена постапка против осум лица за масовната тепачката на „Славеј Планина” во Скопје
-
Зеленски се надева дека заедничката сила на Украина и Западот ќе ја присили Русија на мир
-
ФИФА има намера да го прошири форматот на Светското клупско првенство
-
Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип
-
Затворен за сообраќај регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
Трамп: Зеленски би можел да ја заврши војната со Русија речиси веднаш
-
Македонските одбојкари изборија пласман на Европското првенство 2026